Средба Бочварски-Гир, тема инфраструктурните проекти поддржани од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари видео-конференциски состанок со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, а тема на разговорот беа крупните инфраструктурни проекти што се реализираат во Републикава со поддршка на ЕУ.

Loading...

-Пред сè, акцент се стави на железничкото поврзување со Република Бугарија и доизградбата на Коридор 8. Притоа, министерот изрази силно уверување дека изградбата на пругата е примарен фокус на Владата на Република Северна Македонија и се преземаат сите неопходни чекори за нејзино завршување, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Бочварски и амбасадорот Гир разговарале и за активностите за доизградба на експресниот пат Градско-Прилеп, за што министерот истакна дека Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта ги преземаат сите потребни чекори за интензивирање на градежните работи.

Во текот на средбата, било отворено и прашањето за зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите.

Министерот Бочварски потенцира дека евроинтеграцијата е наш врвен приоритет, а Европската Унија наш најзначаен партнер. Во таа насока, поддршката што ја добиваме од ЕУ во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата е од исклучителна важност за нашата земја.

-Интензивирање на соработката со земјите членки на ЕУ и унапредување на регионалното поврзување се стратешки определби на Владата. Во таа насока, решително се соочуваме со сите предизвици и ги преземаме сите неопходни чекори за доизградба на железницата кон Република Бугарија и целосно комплетирање на патниот и железничкиот Коридор 8, кој е клучен не само за економскиот развој на нашата земја, туку е од особена важност за целиот Регион. Со амбасадорот Гир разговаравме и за модернизација на патната инфраструктура, потенцирајќи ги нашите заложби за подобрување на регионалното поврзување, олеснување на транспортот и зголемување на безбедноста на патиштата, рекол министерот Бочварски.

Тој изразил благодарност за досегашната соработка и поддршка што Европската Унија и ја овозможува на Република Северна Македонија во евроинтегративните процеси.

Славица Стефановска

Loading...

Leave a Reply