Србија одбила да продаде оружје на Русија, тврди шефот на украинското разузнавање

Сподели со своите пријатели

Кирил Буданов, шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, во интервју за Гласот на Америка, пренесува Klix.ba, изјави дека српските власти одбиле да го испорачаат оружјето што Русија го побарала од нив.

Loading...

„Речиси единствената земја што всушност испорачува сериозно оружје е Иран. Ништо ново нема да ви кажам. Имаше информации дека нешто доаѓа од Северна Кореја, но немаме потврда за тоа. Нема ниту еден случај кога би откриле дека било употребено оружје што доаѓа од Северна Кореја. Можеби само уште не сме го виделе или оди за некои други како што велат потреби. Па, да речеме, други земји. Русија се обидува да купи се, каде било. Затоа што нивните проблеми се значајни. Србија, на која се надеваа сите во Русија, одби трансфер на оружје“, рече Буданов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Според него, во Русија има одредени напори за купување оружје преку трети земји, за увоз на оружје во повеќе или помалку големи количини.

„Сега се обидуваат со Мјанмар. Ќе видиме што ќе излезе од тоа со текот на времето. Но, всушност, во однос на оружјето, Русија е ограничена од, да речеме, Иран. Засега“, додаде шефот на Службата за разузнавање.

Буданов додаде дека Руската Федерација е држава-балон.

Буданов претходно изјави дека повеќе од 60 отсто од воената опрема е отстранета од долгорочно складирање во Русија, нема доволно оклопни возила, а многу нови единици користат Урал и КамАЗ, пренесува Укриинформ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.