Спречено киднапирање на белгискиот министер за правда

Сподели со своите пријатели

Холандската полиција уапси четворица мажи осомничени за вмешаност во планирањето на киднапирањето на белгискиот министер за правда Винсент ван Кујкенборн.

Loading...

Холандските полицајци во петокот приведоа тројца мажи осомничени за ова дело, неколку дена откако пред куќата на Ван Куикенборн беше пронајден автомобил во кој имало оружје, јавува Би-Би-Си.

Холандската полиција уапсила четврти маж, белгиски државјанин (21), соопшти канцеларијата на холандскиот државен обвинител.

Белгиските медиуми објавија дека калашникови и две шишиња бензин биле пронајдени во возило пред куќата што министерот ја дели со сопругата и синот.

Министерот оттогаш е под строг полициски надзор по „сериозна закана“, соопшти вчера функционер на белгиското федерално обвинителство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Во соопштението се наведува дека „изминатата недела биле информирани за можна опасност“ по безбедноста на политичарите и дека тоа го сфаќаат многу „сериозно“ и додаваат дека покренале официјална истрага.

Точните детали за заканата останаа нејасни, наведува британскиот јавен сервис.

Белгиските медиуми јавуваат дека се работи за обид за киднапирање, а некои заговорот го поврзуваат со криминални групи вклучени во трговијата со дрога.

Loading...

Обвинителството не ги потврди овие детали.

Ван Кујкенборн во објава на Фејсбук напиша дека нема да учествува на планираните настани во наредните денови.

Тој рече дека секој што работи во борбата против организираниот криминал ги знае ризиците и ќе продолжи да ги истражува криминалните групи поенергично од претходно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

– Да бидеме појасни, луѓето кои стојат зад ова го постигнуваат спротивното од она што го имаат намерата. Тоа го зајакнува моето верување дека мора да продолжиме да се бориме – рече Ван Куикенбор и додаде дека криминалците се чувствуваат заглавени во ќош.

Белгискиот премиер Александре де Кроа рече дека заканите како киднапирање на министер се „целосно неприфатливи“ овде.

– Нема да дозволиме никој да не заплаши – рече Де Кру.

Белгија презема поголеми чекори во борбата против организираниот криминал во последните недели, објавувајќи план кој им дава на локалните власти поголема слобода да се борат против насилството.

Во минатогодишниот извештај на Европол, Белгија и Холандија беа наведени како „епицентар на пазарот на кокаин во Европа“, наведува Би-би-си.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија