Спасовски: Граѓаните за велигденските празници да останат дома

Сподели со своите пријатели

Граѓаните да останат дома за велигденските празници, порача денеска од Куманово премиерот Оливер Спасовски во пресрет на најдолгиот полициски час во историјата на земјата кој започнува во петок и ќе трае до вторник, денови кога православните верници го слават Велигден.

Loading...

Спасовски апелираше да нема групирања и да се одржува социјалната дистанца за претстојните празници.

– Упатив порака пред неколку дена во која реков дека сега е моментот велигденските празници сите заедно да ги прославиме дома во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Немаме одлука за затворање на верските објекти и непрактикување на верата, затоа што тоа не може да се донесе, дури во било каква состојба да се наоѓа државата тоа е право кое што е неприкосновено, но знаете дека имаме ставови и одлуки и на Македонската православна црква, односно на Светиот синод и на Исламскста верска заедница, што се однесува на почитување на мерките на владата што се однесува до социјалната дистанца, изјави Спасовски.

Тој ги повика граѓаните да останат со своите семејства и така да допринесат за спречување на ширењето на вирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply