Space X денеска повторно во обид да ја лансира ракетата

Сподели со своите пријатели

Американската компанија „SpaceX“ денеска повторно ќе се обиде да ја лансира капсулата „Crew Dragon“, во која ќе бидат астронаути од вселенската агенција НАСА, пренесува BBC.

Loading...

Првиот обид за лансирање во среда не беше реализиран поради лошите временски услови, па патувањето на астронаутите до Меѓународната вселенска станица (IS S) беше одложено за денес, иако дури и сега временската прогноза не е идеална.

„SpaceX“ лансираше ракета „офлајн“ – Носела таен сателит на Владата на САД

Оваа мисија е важна, затоа што САД испраќаат астронаути во вселената за прв пат од завршувањето на програмата за вселенски шатлови на НАСА во 2011 година.

За прв пат во историјата, НАСА ќе користи приватна компанија за транспорт на екипажот во орбитата.

Ако лансирањето е успешно, летот до Меѓународната вселенска станица ќе трае 19 часа.

SpaceX лансираше уште 60 Starlink сателити (ВИДЕО)

Астронаутите се планира да останат на вселенската станица максимум четири месеци.

Loading...

SpaceX потпиша договор од 2,6 милијарди американски долари со НАСА, во кој се вклучени шест летови.

https://www.instagram.com/p/CAsSfwsFHv_/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply