„SpaceX“ лансираше ракета „офлајн“ – Носела таен сателит на Владата на САД

Сподели со своите пријатели

Компанијата „SpaceX“ новата година ја започна со освојување на вселената со лансирањето на ракетата „Фалкон 9“, но мисијата која успешно е извршена во ноќта помеѓу недела и понеделник привлекла големо внимание пред се поради мистериозноста на багажот – владиниот сателит „ЗУМА“.

Лансирањето требало да се случи во ноември, но поради дополнителни тестирања и временски услови, ракетата полетала од Кејп Канаверал.

Започнува колонизацијата на Марс: Готова е најмноќната ракета во историјата (видео)

Loading...

Зума е испорачана во ниската орбита, односно на височина од околу 2.000 метри, но точната локација не е објавена.

Како што пренесува CNN, тоа не е единствена тајна врзана за сателитот. Познато е единствено дека Зума е изградена во компанијата „Нортроп Груман“ за американските владини агенции, но не се знае која е функцијата на оваа летало ниту со што е опремено.

Поради тајноста на мисијата, за која се претпоставува дека е врзана за националната безбедност, одбраната или набљудувањето, компанијата „SpaceX“, за разлика од претходно, не го пренесуваше во живо лансирањето.

Неверојатен светлосен спектакл над Лос Анџелес кој ги преплаши Американците (видео)

Компанијата на Илон Маск минатата година изведе 18 успешни лансирања, планира оваа година да има повеќе, а кон крајот на јануари се очекува лансирање на ракетата „Falcon Heavy“.

Маск истражувањата ги фокусира на слетувањето, односно на тоа „SpaceX“ ракетите да можат да се користат повеќе пати, со што патувањата во вселената би можеле да бидат повеќекратно поевтини.