Советот на Општина Куманово урна нов рекорд

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово урна нов рекод, но за разлика од оној на крајот на декември минатата година од 17 часа дебата, овој пат ја одржа најкратката седница во овој состав.

Loading...

Вкупно 28 точки минаа на денешната триесет и осма седница, која траеше околу еден час, не сметајќи го доцнењето и паузата. Советниците, едноставно не беа особено расположени за дискусија.

Првите две точки беа од доменот на работата на Територијалната противпожарна единица Куманово, односно годишниот извештај за минатата, и програмата за работа за оваа година.

Јавноста не успеа да дознае детали од овие два документи, бидејќи никој ниту праша, ниту образложи. Единствено советникот Зоран Петрушевски упати прашање до командирот на ТППЕ Дејан Илиевски, кои се превентивните мерки кои ќе ги преземат со цел намалување на пожарите на отворено.

Илиевски, појасни дека контролирано палење е невозможно и незаконски, а превентивните мерки се спроведуваат со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Ние првенствено сме оперативна единица, превентивни мерки се под Дирекцијата за заштита и спасување. Ние даваме максимални напори да учествуваме во такви активности, не би се согласил да се врши конторлирано плаење во наше присуство, се работи за огромна површина, ние не можеме секаде да бидеме присутни, со закон е забрането палење на отворен простор. Апелираме преку медиуми и Отсек за превенција преку СВР каде на граѓаните директно им се посочува дека е забрането палење на отворен простор, но ефектите како што гледаме се минимални, рече Илиевски.

Loading...

По Територијалната противпожарна единица, на дневен ред дојдоа две точки од доменот на ЈП „Чистота и зеленило“.

Советниците изгласаа намалување на обемот на работа во делот одржување на јавно прометни сообраќајници од 365 на 350 дена, но и намалувања во делот за градско зеленило. Со овие предвидени намалувања на програмата, за 600.000 денари се намалува и износот кој ќе го добие јавното претпријатие од Општината за реализација.

Беше изгласан и Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2019 година.

На прашањето на советникот Сашо Стошевски дали ќе се реконструира улицата „Михајло Пупин“ во населбата Перо Чичо, по ставањето на водоводна мрежа, од раководителот на ресорниот сектор Момчило Јовановски, беше посочено дека на истата првин само ќе се пополнат дупките.

– Согласно договорот е предвидено прво да се закрпи ровот, а во идниот период во зависност од финансиски средства ќе гледаме улицата целосно да ја реконструираме. Мора улицата да се закрпи, па да се прави гребење и нов слој, независно од тоа мора да ја искрпиме улицата, тоа зависи од финансиските средства, мислам дека општината од март-април ќе биде во подобра финансиска состојба и ќе биде реконструирана, рече Јовановски.

Потоа советниците изгласаа Одлука за давање согласност и овластување за измирување, односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Куманово, Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант, низа Решенија за давање на мислење на Статут на повеќе локални институции, од доменот на образованието, утврдување на бодови на плати за вработени во дел од институциите на локално ниво.

Loading...

Сите тие точки минаа без дискусија, се додека не дојде редот за одлуката старите возила Општина Куманово да им ги отстапи на јавните претпријатија, со оглед дека од скоро го обнови возниот парк.

Никола Ивановски

Leave a Reply