Јавните претпријатија ќе ги добијат старите возила од Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавните претпријатија „Чистота и зеленило“, „Водовод“ и „Куманово гас“ ќе ги добијат старите возила на Општина Куманово, која пред неколку месеци го обнови возниот парк.

Loading...

Според опозицијата, нејасно е како возила, кои за општината биле скапи за одржување, стари и нерентабилни, ќе им се најдат на јавните претпријатија.

– Ако не биле во ред и нивното одржување било скапо за општината, како за јавните претпријатија ќе бидат исплатливи, зарем нивното одржување нема да биде исто, ако било скапо за општината ќе биде и за „Водовод“ и за „Чистота“ и за останатите. По мене овие возила не треба да се даваат на јавните претпријатија, туку општината да ги даде на јавно наддавање, а гледаме и возила од 91ва што ги надминале сите граници на користење. На овој начин ги заглавуваме јавните претпријатија, кои мака мачат да останат рентабилни, а не со стари возила за кои треба да плаќаат одржување за да бидат во возна состојба, рече советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски.

Како што појаснија од општината, јавните претпријатија сами побарале да им бидат отстапени возила на користење.

– Овие точки ги ставаме на дневен ред затоа што добивме барање од јавните претпријатија доколку сме во можност да им отстапиме возило на користење. Од општинските служби беа усогласени кои возила да им се отстапат за начинот на нивна употреба, можеби на некоја од наредните седници ќе објастант за што ќе го користат, какви се возилата и нивниот возен парк, во однос на општината сметавме дека овие возила не треба да бидат дел од нашиот возен парк и ги дадовме на јавните пртпријатија, рече Иван Ангеловски од Општина Куманово.

Претседателката на Советот, Атина Мургашанска, рече дека возилата не се користат за исти цели, па можеби на јавните претпријатија ќе им бидат потребни за терен или за превезување алат.

– Кога станува збор за јавните претпријатија, тие имаат теренски активности на не многу добра патна инфраструктура, имаат потреба од превоз на алат, нека ги користат кога ги побарале, сигурно не одат свесно да прават загуба, ако сметале дека ќе им бидат корисни. Апелирам да им ги доделиме, а кога за некој период кога нема да имаат никаква вредност ќе ги продаваат, сепак не е иста дејноста, не се исти потребите, кога се прави проценка едно возило за една намена и друга, не е исто, и мислам дека ќе им се најдат, рече Мургашанска.

За советникот на ГРОМ, Зоран Петрушевски, нејасно е зошто е побарано „Југо“ од 1991ва година и ваквите одлуки ги оцени како смешни и на свој начин иронично го искажа незадоволството.

Loading...

– Ја прифаќам вашата проценка и ја користам приликата на директорот на „Чистота“ да му го честитам југото, он да се вози и да не поздравува од него, еве јас ќе гласам за, рече Петрушевски.

Инаку, Општина Куманово набави шест возила, пет „дачија“ и едно „рено“ кои ги користат мобилните општински служби кои одат на терен, секторот за инспекциски надзор, за урбанизам,  правни работи и едно користи противпожарната единица од Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply