Во 2 часот утринава усвоен Буџетот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Милијарда, 851 денар изнесува вкупниот  буџетот на општина Куманово и на приходната и на расходната страна. Советниците го изгласаа на маратонската седница, најдолга во историјата на советот на општината која почна вчера во 10:00 часот, а заврши во 2:30 часот по полноќ.

Loading...

Раководителката на секторот за финансиски прашања, Ирена Илиевска, соопшти дека 28 милиони денари е развојната програма, а вкупните капитални инвестиции се 200 милиони денари вклучувајќи ги и развојните програми и програми на јавните претпријатија.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека буџетот е развоен и опфаќа реконструкции на улици, изградба на водоводна и фекална канализација во урбаната и руралната средина како и во приградските наслеби. Годинава, соопшти ќе се одовјат и средства за набавка на високо квалитетни садници и средства за преземање мерки за намалување на аерозагадувањето како и повеќе средства за гасификација.

Координаторот на опозицијата во советот, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски, пак вели дека буџетот е далеку од развоен што во текот на годината ќе го почуствуваат граѓаните. Зголемуавње има, вели само во плати и придонеси. Нивните амнадмани за проекти од комунална област и намалување на аерозагадување не поминаа.

Во буџетот за 2020, Куманово предвидува средства за реконструкција на улици, изградба на водоводна, фекална, атмосферска мрежа, експропријација,пошумување, озеленување.

Вметанти се и донации со кои се предвидува реконструкција на поранешен хотел Солун, за реконструкција на Спомен Костурница, изградба на водоводна мрежа, за санација на училиште. Предвидени се средства за социјална сфера, еднократна парична помош за социјално ранливи категории граѓани, за самохрани родители, инвалидизирани лица.

Општинската каса  ќе се полни, најмногу од  од даноци на имот,  од комунални такси, легализација, продажба на државно земјиште, од ддв, и други даноци кои полнат буџетот.  Буџетот на Куманово ќе биде доставен до Министерството за финасии по што се очекува неговата реализација да почне во 2020 година.

Leave a Reply