Советот даде согласност на барањата на дел од училишата за физичка настава

Сподели со своите пријатели

Основните и средни училишта од Куманово кои доставија барања за одвивање на наставата со физичко присуство, денеска добија согласност од Советот на Општина Куманово, по што истите ќе бидат доставени до Владата на Република Северна Македонија која треба да го даде зеленото светло.

Loading...

Жестока беше дебатата меѓу советниците на оваа тема, некои сметаа дека настава со физичко присуство е најдоброто решение, таму каде што постојат услови, други пак мислат дека тоа е опасно и дека се доцни со подготовката на воспитно-образовниот ситем.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски вели дека не сака да гласа за оваа одлука, ос оглед дека како советници не располагаат со доволно информации за состојбата и не се релевантни да донесат таква одлука.

– Дали за една ваква одлука не се посоодветни државниот просветен инспекорат, комисијата за здравство, да даде кои услови треба училиштата да ги исполнуваат, министерствата за образование и здравство, па и целата влада. Сите како да ја префрлија одговорноста на нас советниците кои не знаеме каква е и каква треба да биде состојбата за да донесеме ваква одлука, рече Петковски.

Според раководителката на Секторот за образование при Општина Куманово, Дивна Величковиќ Тодоровска, вели дека Советот не носи одлука, туку само проследува барање кое го доставиле директорите на училиштата.

Како што појасни таа, тричлена комисија од Владата ќе одлучува кое училиште ќе добие согласност за физичко присуство на наставата, откако претходно ќе изврши увид на состојбата на терен.

– Теренски ќе проверат дали одредено училиште ги задоволува сите критериуми по дадените протоколи и мерки кои се запишани во службените весници во вид на одлуки, а тоа се, одлука за мерка за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, а ние денеска работиме по две одлуки за измена и дополна на одлуката, што значи дека тие ја носат одговорноста за целата држава и за нашата општина, а нашата општина има 22 училишта и 19 подрачни, сите подрачјни остваруваат услови за физичко присуство, дел од основните исто така, изјави Величковиќ Тодоровска.

Како што посочи таа, градоначалникот Максим Димитриевски направил напори да се обезбедат средства за дезинфекција, топломери, маски и оптички интернет во случај да биде неопходна онлјан настава за училиштата.

Loading...

 

 

Според градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, не постои идеален механизам да се заштитат децата.

– Има посебни протоколи за движење во школото и откако ќе излезете, во празно го почитувате протоколот внатре, а ако излезете, како сега кај „ѕидче“ каде има и деца и возрасни во поголеми групи, тогаш протоколот е во празно да се почитува. Она што е најважно е држење физичка дистанца која за жал не се почитува на секој отворен простор, да не зборуваме за затворен простор каде и ризикот е многу поголем, рече Димитриевски.

Најголем дел од училиштата до први септември, според Димитриевски не биле подготвени за настава, бидејќи наместо за тоа во летниот процес се разговарало за изборите.

– Да им дадеме можност да се образувааат, особено оние кои тргнуваат во прво и второ одделение каде е неопходно, коса и права линија не се учи да се напише онлајн, учителката треба да ве фати за рака и да ви покаже и да ја стекнете освновата техника на пишување и токму поради тоа насоките беа да таму каде, особено во училишта каде има помал број на ученици во паралелки, каде има просторни можности да се адаптираат улилиштата со физичка настава да се воведе и бара физичко присуство. Ако ме прашате дали сум лично јас за, посакувам физичко присуство на учениците во образовен процес, дали сме во можност да го исполниме сето ставено на хартија е под знак прашање, бидејќи ниту општината ниту училиштата располагаат со толкави финансиски капацитети и технички можности за компелтен образовен процес со физичко прсуство и затоа директорките знаејќи ги овие препораки излегоа со одреден број на училишта каде тоа може да се воспостави, рече Димитриевски.

Скоро едногласно, со 21 глас „за“ и двајца „воздржани“, Советот одлучи барањата да ги проследи до Владата.

Loading...

 

Кои кумановски училишта побараа физичка, а кои онлајн настава?

Leave a Reply