Кои кумановски училишта побараа физичка, а кои онлајн настава?

Сподели со своите пријатели

Најголем дел од училиштата во урбана средина во Куманово се одлучиле за онлајн настава или комбиниран модел, додека речиси сите подрачни училишта во приградските и руралните средини се одлучиле за настава со физичко присуство, покажаа податоците на секторот за образование од општина Куманово.

Loading...

Во Куманово има 16 основни и пет средни училишта каде настава следат околу 10.000 основци и 5.000 средношколци.

За настава со целосно физичко присуство се одлучиле:

ООУ „Вук Караџиќ“

ООУ „Бајрам Шабани“

ООУ „Толи Зордумис“

– П.У. с. Режановце

ООУ „11 Октомври“

Loading...

– П.У. с. Речица

– П.У. с. Долно Којнаре

ООУ „Магдалена Антова“

УОМО „Панче Пешев“

ООУ „Кирил и Методиј“ с.Романовце

– П.У. с. Агино

ООУ „Јероним Де Рада“ с.Черкези

ООУ „Битолски Конгрес“ с.Лопате

Loading...

ООУ „Браќа Рибар“ с.Табановце

– П.У. с. Сопот

– П.У. Којнаре

– П.У. с. Костурник

– П.У. с. Четирце

ООУ „Вера Которка“ с.Клечовце

ООУ „Карпош“ с.Умин Дол

– П.У. с. Љубодраг

Loading...

ООУ Наим Фрашери избрале физичко присуство за настава во IV и V одделение, додека учениците од VI – IX одделение е побарано да посетуваат онлајн настава.

ООУ Христијан Карпошбараат онлајн настава за централното училиште, освен за 3 паралелки во IV одделение кои ќе посетуваат настава со физичко присуство. Подрачните училишта во село Тромеѓа и населбата Иго Тричковиќ е побарано да вршат физичка настава.

ООУ „Кочо Рацин“ бараат онлајн настава за централно училиште, освен за ученици кои немаат интернет и кои ќе посетуваат настава со физичко присуство. Подрачните училишта на „Кочо Рацин“ во Доброшане, Биљановце, Орашац, Кучкарево, Габреш и Градиште ќе посетуваат физичка настава.

ООУ „Браќа Миладиновци“ доставиле барање за онлајн настава, освен за посебните паралелки. Учениците на „Браќа Миладиновци“ во подрачните училишта во селата Пчиња и Студена Бара е побарано да посетуваат физичка настава.

ООУ „Крсте Мисирков“ се одлучиле за физичка настава на учениците од прво до третто одделние, додека повозрасните ќе посетуваат онлајн настава, како што гласеа и првичните препораки на ресорното министерство.

Од средните учичита ССОУ „Киро Бурназ“ ќе бараат наставата да се изведува целосно со физичко присуство.

Loading...

СОУ „Перо Наков“ – Физичко присуство за I година, а онлајн настава за I, II III година, освен по праткична настава со физичко присуство.

ОСТУ „Наце Буѓони“ – Онлајн настава за сите години, освен по праткична настава со физичко присуство.

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Сите паралелки се поделени во две групи кои ќе се менуваат на една недела со физичко присуство и онлајн настава.

СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ се одлучиле за целосна онлајн настава.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply