Сорос: Цивилизацијата можеби нема да ја преживее руската инвазија на Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Џорџ Сорос предупреди дека „цивилизацијата можеби нема да ја преживее“ руската инвазија на Украина, наведувајќи дека тоа може да го означи „почетокот на Третата светска војна“.

Loading...

На маргините на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека војната во Украина ја потресе Европа од корен.

 

Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето

 

Тој го повика светот „да ги искористи сите свои ресурси за порано да заврши војната“, додавајќи дека „најдобриот и можеби единствениот начин да се зачува нашата цивилизација е да го победиме Путин што е можно поскоро“.

Европа е исто така во посилна позиција отколку што се мислеше, со оглед на нејзината зависност од рускиот гас, додаде Сорос.

– Путин стави гас во складиште наместо да го извезува во Европа, предизвикувајќи недостиг. Но, Русија ќе остане без простор за складирање до јули и нема да има друг избор освен да го продаде на Европа, која е нејзиниот единствен пазар, посочи Сорос.

Loading...

 

ОН ги повикаа Талибанците да ги укинат ограничувањата за девојчињата и жените

 

„Мислам дека Путин беше многу паметен во уценувањето на Европа, заканувајќи се дека ќе го прекине снабдувањето со гас, но всушност неговиот случај е многу помалку силен отколку што се преправа“, додаде тој.

ЕУ се обидува да ја намали својата зависност од руските фосилни горива за две третини до крајот на годината.

Но, напорите да се забрани увозот на руска енергија се запрени поради колебањето на Германија. Унгарија исто така се противи на забраната за увоз на руска нафта.