Сопственик на продавница претепал пијан муштерија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Сопственик на продавница од Куманово вчера физички нападнал муштерија кој би во алкохолизирана состојба, по меѓусебна вербална расправија.

Loading...

– На 28.05.2020 околу 17.40 во СВР Куманово било пријавено дека во продавница на ул.„Гоце Делчев“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу сопственикот В.К.(51) од Куманово и Д.Ц.(44) од селото Младо Нагоричане, кумановско, кој бил во алкохолизирана состојба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, сведок на случувањето била вработената М.Ц. (39) од Куманово.

Притоа, двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply