Сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе изнесува 7. а максималната дневна 16 степени.

Во петок и сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури.

Leave a Reply