Сончево и топло, попладне слаби услови за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала облачност во попладневните часови која може да донесе локална појава за грмежи и слаби врнежи. Максималната дневна температура ќе достигне 33 степени целзиусови.

Во петок и во сабота во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни.

Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време.

Никола Ивановски

Leave a Reply