Сочувани неврони од жртва на вулканот Везув од пред 2.000 години

Сподели со своите пријатели

Италијанските археолози, 2.000 години по ерупцијата на планината Везув, што се случила во 79 година од н.е., откриле „совршено зачувани неврони“ на една од жртвите на ерупцијата, пишува интернет магазинот „Фанспејн“.

Loading...

„Ова е откритие без преседан. Изгледа дека ерупцијата ги „замрзнала”мозочните клетки на жртвата и затоа тие се зачувани дури и по 2.000 години”, изјави форензичкиот археолог професор Пјер Паоло Петроне.

НАУЧНИЦИТЕ ЗБУНЕТИ: По ерупцијата на вулканот се појавило зелено езеро, кое секој ден е се поголемо (ВИДЕО)

Ова спектакуларно откритие има своја вредност не само затоа што е археолошка реткост, туку пред сè затоа што ви овозможува детално да ги одредите фазите на вулканска ерупција и споредувајќи ги со пишани документи и сведоштва на современици, да се утврди што им се случило и како, на жртви на вулкански ерупции.

„Ова се елементи што можат да ни помогнат, засновани на реконструкцијата на минатото, да ги предвидиме и утврдиме мерките за заштита од идните ерупции на кој било вулкан во светот“, вели проф. Петроне.

Вулканот Везув над Неаполскиот Залив сè уште е активен и досега се забележани 50 ерупции, од кои најразурнувачки е оној од 79 година по Христа и во кој двата антички града Помпеја и Херкуланеум биле целосно уништени и покриени со слоеви пепел.

Вулканско рударство – најтешката професија во светот (ВИДЕО)

Научниците подоцна утврдиле дека ерупцијата на Везув во 79 година ослободила сто илјади пати посилна топлинска енергија од двете атомски бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки.

Loading...

Leave a Reply