Вулканско рударство – најтешката професија во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Живиот вулкан во Ијен, Индонезија е сопственик на големи количини сулфур, чија „берба“ се смета за најтешка работа во светот, а тамошните рудари, кои редовно го ризикуваат животот работејќи ја оваа работа во крајно нехумани услови се платени околу 12 долари дневно.

Loading...

Рударите редовно носат руда со тежина на еден човек на својот грб и раменици, опремени се само со крпи со кои си го прикриваат лице и при високи температури си го ризикуваат животот од отровните гасови, што често остава долгорочни последици по здравјето на рударите, пишува СиЕнЕн.

Овој вулкан не еруптирал веќе 67 години, но тој е активен што претставува основна опасност по работниците кои како се смета се очигледно најхрабрите работници во светот.

Како изгледа кога вашата професија е да ги храните крокодилите (ВИДЕО)

Секој од нив по враќањето мора да балансира со две огромни корпи на грбот, полни со врел сулфур, тешки околу 80 килограми, кој се откинува од подот на кратерот на вулканот.

Нивната работа започнува непосредно после полноќ, во целосен мрак во кој густ вулкански чад ги гори синусите со остар и кисел мирис.

Видливоста е намалена на едвај еден метар па дури и со помош на батериска лампа спуштањето низ вулканот е сосема опасно, поради камените патеки кои се стрмни и лизгави.

Професијата на оваа жена е да ги понижува, навредува и повредува мажите (ФОТО)

Loading...

На работ на кратерот висок 2.600 метри надморска височина, густината на испарени отровни гасови драстично е зголемена.

Инаку вулканот Ијен е посебен затоа што наместо вжештена портокалова лава исфрла лава во сина боја. За овој необичен феномен виновни се хемиските процеси. Имено, синиот пламен се јавува како последица на согорувањето на сулфурните гасови во срцето на вулканот на температура од 600 степени.

Фото: Јутјуб принтскрин

Leave a Reply