НАУЧНИЦИТЕ ЗБУНЕТИ: По ерупцијата на вулканот се појавило зелено езеро, кое секој ден е се поголемо (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На хавајскиот Голем остров во мај 2018 заблежана е невообичаено жестока ерупција на вулканот Килауеа, придружена со силни земјотреси. Огромна количина лава со месеци влегувала во океанот. Загреаната морска вода го кренала нивото на подземните води, а со нив и азотните соединенија. Тоа го искористиле морските алги и цијанобактерии, па следувало масовно цветање на алгите, што било снимено и на сателитските слики на НАСА.

Loading...

Геолошките последици од оваа мошне активна фаза сè уште се во тек, а една од нив е феномен што не можат да го објаснат геолозите: езерото се појавило на дното на кратерот на вулканот Килауеа во последните неколку недели, а обемот постепено се зголемува. Потеклото на оваа вода засега е непознато.

Мистериозното кратерско езеро за прв пат беше забележано на 31 јули 2019 година, кога сè уште беше зелена бара. Научниците оттогаш постојано го следат езерото, кое повремено ослободува меури, и каде температурата на водата е околу 70 степени.

Последниот пат била измерена должина од над 80 метри и ширина од околу 35 метри.

Според геологот од Геолошкиот топографски институт на САД (УСГС) Скот Рауленд, ова е прв пат по најмалку 200 години вода да се најде на дното на кратерот.

Иако не постојат веродостојни информации за изворот на езерото, научниците направиле неколку хипотези.

Според едната од нив, тоа е дождовница, која полека се акумулира, а според другата, нивото на кратерот „Халемаума“, по минатогодишнато ерупција и празнење на коморите со магма под вулканот, уште повеќе се спуштиле, можеби дури и до нивото на подземните води.

– Се сомневам дека нивото на водата во кратерот ќе продолжи да се зголемува ако нема геолошко нарушување, барем додека не биде во рамнотежа со нивото на околните подземни води – вели Рауленд.

Loading...

Leave a Reply