Соборени 17 руски дронови во Одеса, оштетени неколку згради

Сподели со своите пријатели

Украинските сили соборија 17 руски беспилотни летала на југот на украинската област Одеса, а оштетени се згради во областа на пристанишниот град Измаил, соопшти денеска локалниот гувернер.

Loading...

„Нашите сили за воздушна одбрана соборија 17 беспилотни летала… Магацини и производствени згради, земјоделски машини и опрема на индустриски компании беа оштетени во неколку населби во областа Измаил“, изјави гувернерот Олег Кипер преку Телеграма.

Тој додаде дека по соборувањето на беспилотните летала на таа територија избувнале неколку пожари и дека тие се изгаснати.

Според гувернерот, нападот траел три и пол часа и немало жртви или повредени.

Оперативната команда на јужна Украина соопшти дека се работи за голем ноќен напад извршен со беспилотни летала против цивилна инфраструктура во реонот на Дунав.

Речното пристаниште Измаил стана една од главните патишта за транспорт на украинските земјоделски производи откако Москва го раскина договорот за извоз на жито во јули.

Во ноќта меѓу саботата кон неделата руски беспилотни летала погодија индустриски локации на Дунав, соопштија од Украинското обвинителство. Руската армија соопшти дека извршила напад на пристаништето Рени, исто така во областа Одеса.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...