Со помош на црн ориз таткото си ги натера децата да ја исчистат собата

Сподели со своите пријатели

Генијален татко споделил уникатен трик со кој секогаш можете да ги натерате своите деца да ја исчистат просторијата, пренесува Daily Record. По долги години „борба“ со децата, тој пронашол решение што другите родители го прогласија за „гениј“.

Loading...

Чад МекКант на Фејсбук открил дека е многу тешко да ги натерате децата да ја средат просторијата, особено после јадење, па затоа добил одлична идеја.

 

 

– Секогаш им велам да не јадат во собата и да ги враќаат валкани садови во кујната. Им реков дека во нивните соби ќе се појават глувци. Се уморив да ги предупредувам за истото, па решив да им одржам лекција. Отидов во продавница и купив црн ориз. Поставив мали купишта низ собата во нивните плакари, под креветите, па дури и под покривките. Изгледа како измет од глушец, и сето тоа внесе страв кај децата. Непотребно е да се каже, ние веќе немаме проблеми со чистење на просторијата – напиша Механт со фотографија од ориз

Неговиот пост е споделен речиси 90.000 пати, а другите родители му се благодарни што го сподели трикот со нив и ветија дека ќе го пробаат и самите на своите деца.

 

Loading...