„Со љубов, Џил“: Првата дама на САД го украси тревникот пред Белата куќа за Денот на вљубените

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Денот на љубените е омилен празник на неговата сопруга.

Loading...

Утрово, пред зори, првата дама на САД, Џил Бајден, постави специјално уметничко дело за Денот на вљубените на северниот тревник на Белата куќа – гигантски розови, бели и црвени срца кои потсетуваат на популарните колачиња.

 

 

Според АП, претседателот Џо Бајден излегол заедно со својата сопруга рано утрово да разгледуваат разнобојни уметнички дела.

Индивидуални зборови како што се заедништво, љубезност, лекување, сочувство, љубов и храброст се напишани на огромните срца, додека еден од нив е потпишан со: „Со љубов, Џил“.

Leave a Reply