Со „киа“ удрил во 75-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и петгодишен пешак бил прегазен од сограѓанин.

Loading...

На крстосницата од улицата „Илинденска“ и крак од улицата истата улица во Куманово, патничко возило „киа“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово, удрило во пешакот С.Д.(75) од Куманово.

Во незгодата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply