Со години ова и растело на ноктот, не знаела што е, а потоа морале да и отстранат дел од коската (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жена од САД која мислела дека  нештото кое со години и расте на ноктите е „кул“ се згрозила кога дознала што всушност е тоа.

Loading...

Марија Силвија изјави дека за прв пат забележала темно кафеава дамка пред десет години, но не размислувала за тоа бидејќи често одела на лекар бидејќи е спортист.

Тиктокерка со повеќе од 15.000 следбеници ја сподели страшната вест откако дозна дека најверојатно има рак во последните три години. Лекарите и кажале дека тоа е т.н субунгвален меланом, тешка форма на рак на кожата лоциран под ноктот.

– Тоа никој не го забележа додека еднаш не го забележа докторот. Ова беше веројатно околу 2014 година, и тие рекоа: „Чудно е. Но, навистина не се вклопувате во демографијата“, се присети таа на социјалната мрежа.

 

 

Марија беше оперирана во која лекарите и го извадија ноктот и дел од коската.

Loading...

– Меланомот може да мирува во фаза наречена „in situ“, која е како нулта фаза, до 13 години. Затоа е многу веројатно дека тоа трае веќе 10 години и дека последните три може да бидат канцерогени, тешко е да се каже – рече таа.

Кога се разбудила, имала гипс кој и ја покривал целата тупаница и ја спречувал да го движи палецот додека закрепнувала. Нејзината кожа била пресадена на прстот, а докторите и го земале ткивото од раката. Таа сега чека да види како ќе изгледа конечниот резултат.

Видеото на Марија, кое достигна повеќе од 14 милиони прегледи, ги загрижи гледачите кои почнаа да забележуваат слични појави во себе.

Се препорачува да одите на лекар доколку забележите промена во големината, бојата или обликот на ноктите, пишува Mirror.

Ако ноктот ви се симнува , крвари, се истенчува, пукна или има модринка што не исчезнува, тоа може да биде знак дека нешто не е во ред.

 

@invrfoundwaldo I wish I were joking lol but i have some awesome photos #SmoothLikeNitroPepsi #theadamproject #cancer #darkhumour #fml #myjourney ♬ original sound – kooze

 

Loading...