СМРТ НА ЕДНА ЅВЕЗДА: Како изгледа кога ќе ја проголта црна дупка? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Научниците можеа да видат блесок на светлина од ѕвезда проголтана од црна дупка.

Loading...

Овој многу редок и необичен настан на „плимско нарушување“ е снимен од телескопите ширум светот.

Може да се види со голо око: Откриена црна дупка најблиска до Земјата

Ова беше најблиската смрт на ѕвезда што астрономите можеа да ја видат и што им овозможи уште подобро да се запознаат со турбулентните космички настани.

Иако успеаја да го „фатат“ моментот на ѕвездената смрт во темнината на црната дупка, астрономите имаа доволно податоци за да разберат како се одвива процесот.

Кога една sвезда се доближува до црната дупка, неизмерна сила, т.н плимна сила (што ги поврзува Сонцето и Месечината, на пример) – последица на силното гравитационо поле на црната дупка – прво се протега, а потоа ја влече sвездата толку силно што таа се кине.

Овој настан „плимско пореметување“ (ТДЕ) ослободува толку силен блесок на светлина, пред остатоците од sвездата во распаѓање да се расфрлаат околу хоризонтот на црната дупка.

Сепак, овој блесок на светлина честопати, барем делумно, е замаглен од облак од прашина, што го отежнува проучувањето на ситни детали.

Loading...

Што би се случило во случај Земјата да се судри со црна дупка?

Новиот ТДЕ, првпат забележан во септември минатата година, што астрономите го нарекоа „AT2019qiz“, сега му дозволува на тимот предводен од астрономот Мет Никол од Универзитетот во Бирмингем во Велика Британија да фрли светлина за потеклото на оваа прашина.

Во исто време, ова е еден од оние космички феномени што е невозможно да се предвиди – вие само треба упорно да го набљудувате и истражувате небото и да чекате да се „вклучи“. Тоа само се случи со „AT2019qiz“ и астрономите брзо ги свртеа своите телескопи кон мал дел од небото во соѕвездието Еридан и срцето на спиралната галаксија оддалечена 215 милиони светлосни години.

„Веднаш насочивме збир на телескопи од земја и вселената во таа насока за да видиме како е создаден блесокот“, објаснува Томас Виверс од Универзитетот во Кембриџ.

Како што се распаѓа sвездата, таа се распаѓа во „јуфки“, односно е „шпагетизирана“, а долгите тенки конци се вовлечени од црната дупка.

Светлосниот одблесок се јавува како резултат на силни гравитациони сили и влијанија на триење на ѕвездениот материјал. Овие две сили меѓусебно создаваат толку висока температура што нејзиниот одлбесок може да ја засени целата галаксија домаќин.

НАСА го сними моментот кога црна дупка проголта ѕвезда (ВИДЕО)

Од тој првичен блесок, целиот феномен траел неколку месеци, а професорот Никол и неговиот тим внимателно го набљудувале и испланирале неговото исчезнување преку неколку светлосни бранови должини, вклучувајќи ултравиолетово, радио, оптичко и рендгенско зрачење, што била уште една среќна околност на истражувачите.

Loading...

„Набљудувањата покажаа дека ѕвездата има приближно иста маса како и нашето Сонце и дека околу половина од тоа беше вшмукано од црната дупка, што е над милион пати помасивна“, објаснува професорката Никол.

Благодарение на брзината со која тимот го насочи своето внимание кон настанот, неговата непосредна близина и поширокиот од вообичаениот спектар во кој го набљудувале, истражувачите утврдиле и дека прашината што се формирала е составен дел од овој феномен, а не посебен феномен.

„Ова е прв случај во кој гледаме директен доказ за одлив на гас за време на процесот на прекинување и собирање што ги објаснува оптичките и радио брановите што ги видовме во минатото“, рече астрономот Едо Бергер од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.

ЦРНА ДУПКА ИЛИ ВОНЗЕМЈАНИ: Од каде доаѓаат мистериозните сигнали?

„Досега, за природата на овие бранови се водеше жестока дебата, но тука гледаме дека двата режима се поврзани преку еден процес. Овој настан нè учи за деталните физички процеси на масовно акумулирање и исфрлање од супермасивните црни дупки”, додаде Бергер.

На почетокот на годината, истражувачкиот тим потврди дека некои остатоци од оштетената sвезда се вртеле и биле вовлечени во црна дупка, како што е водата во одводот. Неколку години порано, беше утврдено дека малите плазми исфрлени од црната дупка се пропорционални на масата на ѕвездата што ја „проголтала“. А, делот од ѕвездата што избегнал да биде вовлечен покажува дека црната дупка може да ги распореди своите „оброци“ и редовно да се „храни“ милијарди години.

Но, „AT2019qiz“, заклучуваат истражувачите, е посебен случај што ќе продолжи да им помага на напорите да ги разберат овие неверојатни настани.

 

Loading...

Leave a Reply