Следува период на стабилно време и повисоки температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во раните утрински и претпладневни часови во североисточните и источните подрачја ќе провејува слаб снег. Попладне вдолж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намалува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, но и слаби услови за снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до -4, а максималната дневна се очекува да достигне шест степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пораст на дневните температури.

Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска.

Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има слаби локални врнежи од дожд.

 

Никола Ивановски

Loading...