Следната недела прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Следната недела ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци на површина од 1.000 хектари во Куманово.

Loading...

– Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 21.06.2023 година (среда), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на Општината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци на површина од 1000 хектари, информираат од Општина Куманово.

Прскањето ќе се одвива од кланица во Добрашане по течението на реката Кумановка па се до свињарска фарма во село Речица; течение на реките Којнарка и Липковка до пругата во село Бедиње, населбата Долно Којнаре; град Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото; Менкова колиба, Бабин дол и на потегот до кланица во Добрашане.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласаа во првите два часа во Старо Нагоричане?

Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

– Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, се додава во соопштението.

Никола Ивановски