Скромно ќе се одбележи годинава Денот на ослободување на Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Скромно и со малку настани оваа година ќе се одбележи Денот на ослободеување на Куманово 11 Ноември.

Loading...

Како што информираше денеска на прес конференција градоначалникот Максим Димитриевски, според настаните предвидени за одбележување на празникот, утре е предвидено да се потпише збратимувањето на Општина Куманово и Општина Книлане од Косово.

– Утре е планирано потпишување збратимување со Општина Гнилане од Косово, пријателска општина со која во минатото реализиравме поголем број на проекти прекугранична соработка и нашите граѓани во континуитет соработуваат заемно. Додека на 11ти Ноември е планирано полагање на цвеќе на Спомен костурница во Куманово и одржување на свечена седница на Советот на општона Куманово. Сите активности ќе бидат согласно со протоколите за заштита од ковид 19. Ова е симболчно одбележување на денот на градот, не како што сме навикнале со организација на мега концерти и огномет, изјави Димитриевски.

 

 

Димитриевски упати честитка до граѓаните по повод празникот и апелираше граѓаните сериозно да ја сфатат состојбата и да ги почитуваат мерките за заштита.

– Апелирам до сите вас да ја сфатите сериозно состојбата во која се наоѓаме, да ги почитувате ковид мерките и да се обидете да држите максимална дистанца особено апел до младите и по заклучоците на општинскиот штаб за заштита и спасување а исто така и по реакциите на сите надлежните институции, сите информации велат дека голем број млади луѓе во вечерни часови се групираат на јавни места, површини.  Ние сме најодговорни за нашето здравје, и можеме да дадеме придонес за почитување на мерките и спречување на ширењето на епидемијата бидејќи таа е реалност и се шири во нашиот град, рече Димириевски.

Loading...

Корона кризата, вели Димитриевски, е активна на територијата на градот и бројките секојдневно се зголемуваат.

Никола Ивановски

Leave a Reply