Скоро 8.000 луѓе на листата на чекање за пат во вселената

Сподели со своите пријатели

Virgin Galactic, компанија за вселенско патување која планира да ги испрати своите први клиенти во вселената до летото 2020 година, објави дека поради големата побарувачка ќе издаде повеќе билети за продажба, и го удвои бројот на резервации од септември 2019 година.

Loading...

Вкупно 7.957 заинтересирани лица се на списокот на чекање.

Му се закануваат ли на човештвото смртоносни вируси од вселената?

Компанијата престана да продава официјално билети по првиот лет во вселената, што беше реализиран во декември 2018 година.

Цените и датумите за следниот лет сè уште не се познати, но билетите за првиот комерцијален лет се распродадени.

Засега компанијата има резервирано 603 фиксни резервации од 60 земји ширум светот за дури 250.000 американски долари, но Virgin Galactic сè уште прима барања од заинтересирани авантуристи.

НОВО ОТКРИТИЕ: Мистериозните сигнали од вселената се јавуваат на 16 дена

Затоа, нова серија билети ќе биде пуштена во среда, а според Би-Би-Си компанијата истовремено ја започна програмата за квалификации „One Small Step “, за која е потребно учество од 1.000 американски долари.

Loading...

Веста уследи откако беше откриено дека Virgin Galactic изгуби 73 милиони долари во изминатиот квартал.

Зошто светските сили се тркаат за експлоатирање на вселената?

Познати личности кои веќе купиле билети се Џастин Бибер и Леонардо Ди Каприо, а сопственикот на „Virgin Galactic“, Сер Ричард Бренсон, изјави дека има намера да им се придружи на патниците на првиот комерцијален лет.

SpaceX и Blue Origin се заинтересирани за испраќање туристи во вселената.

Leave a Reply