Зошто светските сили се тркаат за експлоатирање на вселената?

Сподели со своите пријатели

Денес се познати повеќе од 700.000 астероиди, од кои 16.000 спаѓаат во т.н. објекти во близина на Земјата, што значи дека вселенските летала релативно лесно можат да стигнат до нив.

Loading...

За разлика од карпестите планети како Земјата, кај кои железото и другите тешки елемнти претежно потонале во јадрото, влечејќи со себе супстанци како платина и злато, кај астероидите суровините често се наоѓаат на површината, па експлоатацијата со самото тоа би била полесна.

Индија лансира робот во вселената (ВИДЕО)

Астероид, на кој научниците му го дале името 16 Psyche, се движи во орбитата меѓу Марс и Јупитер, а се состои од скоро исклучително метал, како што се железо, никел и злато.

Поради тоа научниците веруваат дека се работи за некогашно јадро на планета со големина на Марс која во праминатото во низа судири ги изгубила надворешните слоеви.

НАСА проценува дека вредноста на тие ресурси е 700 трилиони долари. Кога тој износ би се поделил на 7,6 милијарди жители на планетата, секој би добил по 92 милијарди долари.

Месечината мириса на барут, а вселената?

Американската вселенска агенција во 2023 година планира да лансира сонда до тој астероид поради детални хемиски анализи.

Loading...

Започнувајќи од 2020 година британската Корпорација за рударство на астероиди (Asteroid Mining Corporation, AMD) ќе грага по астероиди погодни за експлоатација на руда.

Вселесни брод во некој вид на вреќа ќе лови парчиња карпи со големина од 25 метри, металите ќе се добиваат на лице место, а потоа ќе се транспортираат до Земјата. Според плановите на АМС, вселенската рударска индустрија ќе биде целосно развиена до 2030 година.

Британска астронаутка тврди: Вонземјаните постојат и можеби веќе се на Земјата

Дел од металите би можел да се преработува во вселената со 3Д печатачи би се добивале компоненти за други сателити, вселенски сонди и рударски алати.

Досега 20 држави усвоиле закони за вселената, со цел да обезбедат правна рамка за експлоатација на вселената, меѓу кои САД, Русија, Перу и Монголија.

Следната година, Германија ќе претстави сличен закон за да остане конкурентна и го регулира прашњето за одговорност за евентуална штета.

Leave a Reply