„Систина офталмологија“ со стручна помош за семејството Велковски (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По сторијата за Бране Велковски кој со 95% оштетен вид едвај се грижи за својата сопруга и двете малолетни деца, освен помошта од сограѓаните, пристигна и повикот од болницата „Систина офталмологија“ кои понудија бесплатен преглед за неговото семејство.

Loading...

dav

Самоиницијативно лекарите на оваа здравствена установа со сопствен превоз го однесоа семејството на преглед во своите простории во Скопје, каде е потврдено оштетувањето кое го има Бране.

dav

Сепак, како што велат за Кумановски Муабети лекарите на „Систина офталмологија“, видот на Бране не бил развиен уште од детството, но неговите нерви се здрави, што остава можност со помош на помагала да дојде до минимално подобрување.

Loading...
dav

Велковски како помош од болницата ќе добие очила, а прегледи биле извршени и на неговата сопруга која има само диоптрија, и децата кои немаат никакви оштетувања.

На шест месеци „Систина офталмологија“ ќе врши бесплатни прегледи за целото семејство со цел да ја следи нивната состојба.

dav

Од друга страна, Велковски се благодарни за сета помош која ја добиле, меѓутоа се надеваат дека институциите нема да му ја укинат помошта која ја добива како инвалидизирано лице, затоа што сепак неговиот вид не може да се подобри до ниво кое ќе му овозможи тој да работи.

Leave a Reply