Сината птица се врати на Твитер

Сподели со своите пријатели

Сината птица повторно се врати на Твитер. Откако корисниците на Твитер во вторникот забележаа дека традиционалното лого на таа социјална мрежа е заменето со кучето Доџ од интернет мемињата, денес го нема, но познатата птица повторно се појави како лого на насловната страница.

Loading...

Популарните Dodge се користеше за криптовалутата за шега Dodgecoin што еднаш ја промовираше извршниот директор Илон Маск и со која е на суд.

Сè уште не е познато зошто Маск решил да го смени познатото лого на неколку дена.