Сијарто: Рускиот гас за Унгарија ќе помине низ Србија

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека е потпишан договор со Гаспром, според кој во земјата секојдневно ќе пристигнуваат дополнителни 5,8 милиони кубни метри гас преку Турски тек, односно преку територијата на Србија, од 1 септември, пренесува РИА Новости.

Loading...

„Постигнат е договор за испорака на гас во септември и октомври. Гаспром од 1 септември ќе продолжи да испорачува гас за Унгарија преку воспоставени договори… Во август максималниот број дополнителни испораки достигна 2,6 милиони кубни метри“, рече Сијарто.

„Сега успеавме да потпишеме договор според кој од 1 септември преку јужниот правец, односно преку Србија, покрај утврдените договори, максималната количина на гас испорачуван во Унгарија дневно ќе биде 5,8 милиони кубни метри. нагласи.

Во септември 2021 година, Унгарија и Гаспром потпишаа договори за испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно во следните 15 години, од кои 3,5 милијарди кубни метри гас годишно поминуваат преку Србија (од Турски тек) и 1 милијарда преку Австрија.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.