Шведскиот генетичар Сванте Пабо, добитник на Нобелова награда за медицина

Сподели со своите пријатели

Добитник на Нобеловата награда за медицина оваа година е Сванте Пабо, шведски генетичар, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција.

Loading...

Нобеловиот комитет објави дека Пабо „постигнал нешто наизглед невозможно“ кога го секвенционирал првиот геном на неандерталецот и открил дека хомо сапиенсот се вкрстувал со неандерталците, пренесува CNN.

Првиот доказ за ова откритие се појавил во 2010 година, кога Пабо пронашол методи за екстракција, секвенција и анализа на античка ДНК од коските на неандерталците.

Благодарение на неговата работа, научниците сега можат да ги споредат геномите на неандерталците со генетските записи на современите луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Армијата на Белорусија започна вежби за борбена готовност

Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, кој сакал секоја година да се издвојуваат пари од неговиот фонд за да придонесе за човештвото.

 

 

Loading...

Алфред Нобел (1833-1896) ги одреди институциите кои ќе ги доделуваат наградите секоја година, вклучувајќи ги Шведската академија на книжевноста, Институтот за медицина Каролинска, Кралската шведска академија за физика и хемија и Комитетот за мир специјално избран од норвешкиот парламент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индонезија: Затвор за секс пред брак

Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек од околу девет милиони круни (околу еден милион евра).

Паричниот износ на наградата се дели доколку во една дисциплина има повеќе лауреати.

Биографија

Сванте Пабо е роден на 20 април 1955 година во Стокхолм.

Неговата мајка е естонска хемичарка, а неговиот татко Суне Бергсторм (почина во 2004 година), биохемичар, кој ја подели Нобеловата награда за медицина во 1982 година со Бенгт Самуелсон и Џон Роберт Вејн.

Тој е специјализиран во областа на еволутивната генетика.

Тој се смета за еден од основачите на палеогенетиката, научна дисциплина која користи генетски методи за проучување на првиот човечки вид и други древни популации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија распореди ракетен систем на остров во близина на Јапонија