Шведската полиција заплени 500 килограми дрога

Сподели со своите пријатели

Шведската полиција денеска соопшти дека во Стокхолм запленила околу 500 килограми наркотици со вкупна улична вредност од околу 7,6 милиони долари.

Loading...

Според извештаите, тројца мажи биле уапсени под сомнение за сериозни злосторства поврзани со дрога за време на рација во Тирез, јужно од главниот град на Шведска, објави агенцијата АП.

Исто така, се наведува дека полицијата извршила претрес во куќата и во друг случај, а истрагата довела до адреса во Тирез каде во магацин на станбена зграда била пронајдена поголема количина на наркотици.

„Ова е многу голема заплена“, рече заменик-началникот на градската полиција во Стокхолм, Сузан Викланд, која заплената на 260 килограми амфетамин ја нарече најголемата заплена на дрога досега во областа на главниот град.

Минатиот месец полицијата во Стокхолм приведе 21 лице и заплени кокаин и канабис, како и седум парчиња оружје.

Викланд рече дека тоа е резултат на „агресивна работа во долг временски период“ и додаде дека трговијата со дрога „е голема и финансира сериозен организиран криминал“.