Штрајкови во Германија: Откажани стотици летови

Сподели со своите пријатели

Штрајкот на пилотите на нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс денеска ја принуди германската компанија да откаже околу 250 летови.

Loading...

Подружница на Луфтханза објави дека околу половина од нејзините 500 дневни летови ќе бидат откажани, што ќе влијае на десетици илјади патници, пренесе АП.

Германските аеродроми ќе бидат најтешко погодени, но и многу други, пред се во Стокхолм, Прага и Мајорка.

Синдикатот на пилотите Vereinigung Kockpit најави штрајк откако пропаднаа разговорите со раководството за подобрување на работните услови.

Пилотите бараат да се намали максималниот број на часови на летање.

Штрајковите во матичната компанија Луфтханза завршија минатиот месец, откако авиокомпанијата и синдикатот постигнаа договор за платите за справување со ефектите од инфлацијата, потсетува американската агенција.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.