Што се знае за здравјето на кралицата Елизабета?

Сподели со своите пријатели

Цела Британија нервозно ги следи вестите за здравјето на нејзиниот монарх, кралицата Елизабета.

Loading...

Бакингемската палата објави дека е под лекарски надзор во замокот Балморал во Шкотска.

Кралицата Елизабета (96) имаше операција на коленото во 2003 година, по што користеше бастун во јавност околу две недели.

Таа беше хоспитализирана уште еднаш во 2013 година по тежок напад на гастроентеритис.

Пет години подоцна, во 2018 година, таа успешно оперирала катаракта на едното око.

Во 2016 година, таа го искористи лифтот, наместо кралските скали од 26 скалила, за да влезе во парламентот на свеченото отворање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот на Израел до Германија и Британија: Сакам да бидам јасен – одлуките ќе ги носиме сами

Минатата година, на 95-годишна возраст, таа повторно беше фотографирана како оди со бастун во Вестминстерската опатија.

Лекарите потоа и наредиле да се одмори, по што таа откажа серија настани тој месец.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.