Кралицата Елизабета под медицински надзор

Сподели со своите пријатели

Британската кралица Елизабета Втора е под медицински надзор во Балморал, откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.

Loading...

„По прегледот утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението.

„Кралицата е пријатна и во Балморал“.

Нејзиното потесно семејство е информирано, пренесува британскиот сервис.

Неколку минути пред соопштението од Палатата оваа вест ја добила новата премиерка Лиз Трас.

Трас рече дека „целата земја ќе биде длабоко загрижена од вестите од Бакингемската палата“ и додаде: „моите мисли – и оние на луѓето низ нашето Обединето Кралство – се со нејзиното височество кралицата и нејзиното семејство во овој момент“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавина затрупа туристи на Камчатка, двајца исчезнати

Вчера кралицата била принудена да го одложи состанокот на Државниот совет на Обединетото Кралство во последен момент, јавуваат медиумите.

По напорниот ден во вторникот, за време на кој таа ги пречека Борис Џонсон и Лиз Трас во Балморал, како и преземањето други лесни должности, на 96-годишната монарх ѝ беше препорачано да се одмори.

Loading...

Кралицата, исто така, беше советувана пред некој ден да не патува во Лондон од нејзиниот дом во Хајленд за да ја прифати оставката на премиерот во заминување и да ја назначи Трас.

Тоа беше првпат во нејзиното 70-годишно владеење кралицата да назначи премиер во Балморал.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.  

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Париз: Фрлени пиротехника и молотови коктели кон полициска станица (ВИДЕО)