Што јадат луѓето во кината ширум светот?

Сподели со своите пријатели

Сите сакаат пуканки додека се во кино, меѓутоа, некои земји имаат толкави изненадувања, за вас, што нема веднаш да можете да сфатите дека токму таа храна се јаде во кината низ светот.

Јужна Кореја

Добро, Кореанците не се разликуваат во голема мера, единствено што освен пуканки, кои се јадат и кај нив, повеќе сакаат за време на гледање на филм да јадат печени костени.

Барбадос

Вистинска закуска владее на Барбадос, но и на Карибите, па и на некои места во близината, со оглед дека тие за време на филмот јадат рибји топчиња, оржени, со некои пикантен сос.

Јапонија

Со оглед дека во Јапонија оброкот не се смета за оброк доколку на маса нема морски плодови, така и во нивните кина, каде секогаш продаваат грицки направени од сушена сардина.

Пред 100 години во Куманово била извршена првата кинопроекција

Loading...

Финска

Ова ќе ви се допадне. Финска е одлична кога се кината во прашање, затоа што посетителите најмногу во нив сакаат да ги јадат сите овие слатки, односно слатко-кисели бомбони, кои и самит еверојатно некогаш ги купувате додека гледате филм.

Мексико

Не знаеме колку е ова практично,  но ете, во Мексико, сакаат да јадат и нешто повеќе готвено кога се во кината. Различните мексикански мешавини, кои веројатно некогаш и самите сте ги јаделе, тие ги земаат како ужина за време на гледање на филм.

Израел

Кога е во прашање Израел, она што луѓето сакаат да го јадат во кината е леблебија, т.н. рафаел топчиња, кои ги служат со зеленчук и салата.

 

 

Колумбија

Отстапете од јадењата доколку сте зад столот, за да не се случи да ви се слоши. Ова не е добра замена за пуканки, да се разбереме, но многумина оваа ужина ја споредуваат со пржена сланина. Во Колумбија во кината јадат, верувале или не, печени мравки.

Тајван

На Тајван јадат нешто сосема очекувано, печено пилешко, поховани крокети. (уште само пиво да си понесат).

Кина

Иако се очекуваат некои „чуда“ во кинеската храна, со оглед дека се познати како народ кој јаде се и сешто, она што изненадува е дека во кина тие јадат сончоглед, разни семки, суви сливи, па отстапуваат само кога грицкаат сушени лигњи, кои повторно и не се некое „чудо“.

Што да прави кралот кога златните скали ќе се расипат при слетување на авионот кај Путин? (видео)

Грција

Да не се лажеме, и ова би било интересно и барано. Во Грција сакаат да уживаат со ражник месо.

Индија

Индија има навистина интересна храна за кината. Тоа се бројни сендвичи и „пирамиди“ кои се одлични со бројни преливи кои се добиваат со нив.

Холандија

И на крајот сепак да се засладиме и тоа со гумени бомбони кои се јадат ширум холандските кина.

Leave a Reply