Штајнмаер во Киев вети дополнителна воена и финансиска помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вети натамошна поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана, за време на ненадејната посета на Киев во вторникот, негова прва откако Русија ја нападна земјата на 24 февруари.

Loading...

Штајнмаер првично планираше да ја посети Украина во април, но Киев потоа одби да го угости поради загриженоста за неговата претходна поддршка за зближувањето на Западот со Русија. Киев и Берлин подоцна ги надминаа разликите.

– Мојата порака до Украинците е: Ние не само што сме на ваша страна, туку ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина економски, политички и воено“, изјави Штајнмаер на новинарите по пристигнувањето со воз во Киев.

– Сега е важно да помогнеме да се заштитат Украинците од воздушни напади што е можно повеќе – додаде тој, истакнувајќи дека Германија стана еден од најголемите добавувачи на опрема за противвоздушна одбрана на Украина во последните месеци.

Шефот на германската држава, чија улога е главно церемонијална, ја осуди, како што ја нарече, „бруталната агресивна војна“ на Русија против Украина и рече дека со нетрпение очекува да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета.

Покрај воената поддршка, рече Штајнмаер, неговото патување ќе се фокусира на помагање за поправка на уништената инфраструктура, како што се електричните мрежи, водоводните цевки и системите за греење, што е можно поскоро пред почетокот на зимата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.