Шри Ланка ја намалува армијата за една третина

Сподели со своите пријатели

Шри Ланка ќе ја намали армијата за една третина, на 135.000 членови до следната година, а на 100.000 до 2030 година, соопшти денеска Министерството за одбрана, во време кога земјата, соочена со најтешката економска криза, се обидува да ги намали трошоците.

Loading...

„Воените трошоци во основа се државни трошоци кои индиректно стимулираат и отвораат пат за економски раст преку обезбедување на безбедноста на државата и населението“, се вели во изјавата на министерот Премита Бандара Танакун.

Остриот пораст на инфлацијата

Шри Ланка околу една година се бори со нагло зголемување на инфлацијата, што делумно беше предизвикано од најтешката финансиска криза во последните седум децении.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Оваа земја претрпе големи штети поради Ковид-19, кој ги десеткуваше туристичките посети и дознаките од нејзината дијаспора од странство.

После тоа, дополнително беше погодена од растот на цената на нафтата, популистичкото намалување на даноците и седуммесечната забрана за увоз на хемиски ѓубрива, што го опустоши земјоделството.