Шпанија над 50 отсто од вкупната електрична енергија ја добила од обновливи извори

Сподели со своите пријатели

Минатата година, за прв пат, Шпанија произведе повеќе од половина од својата електрична енергија од обновливи извори на енергија, како што се ветерот и сончевата енергија, објави денеска Електричната индустрија (REE).

Loading...

Производството на електрична енергија од обновливи извори достигна речиси 135.000 гигават часови во 2023 година, или 50,4 отсто од вкупното производство на електрична енергија.

Тој процент, осум отсто поголем од 2022 година (42,2 отсто), претставува историски рекорд за Шпанија, бидејќи за прв пат обновливите извори надминаа 50 отсто од вкупното производство на електрична енергија, според REE.

Водечкиот извор на електрична енергија втора година по ред беше ветерот, со производство од повеќе од 63.000 гигават часови, или 23,3 отсто од вкупната електрична енергија произведена во Шпанија, пренесува Бета-Франс прес.

Фотоволтаично-соларни инсталации произведувале 37.000 гигавати на час, или 14 отсто од вкупната електрична енергија. Таа бројка е поголема од хидроелектраните, кои произведуваа 9,5 отсто од електричната енергија во Шпанија.

Производството на електрична енергија од нуклеарна енергија остана стабилно (20,3 отсто од вкупното), а производството на електрична енергија од електрани на гас е намалено за седум процентни поени, на 17,2 отсто.

Тие бројки се „непобитен доказ дека еколошката транзиција кај нас солидно напредува“, се вели во шпанското соопштение за печатот.

Владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез вети дека ќе го зголеми уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија на 74 отсто до 2030 година, благодарение на силното сонце и многу ветровити области.

Loading...

Затоа се намножија мега-проектите на соларни и ветерни електрани, фаворизирани од големи инвестиции, особено во ретко населените области на северот и центарот на земјата.