Шолц: „Нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените“

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во близина на Москва.

Loading...

Шолц на платформата „Х“ напиша дека го осудува терористичкиот напад врз невините концерти во Москва.

„Нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените“, рече Шолц, пренесе ТАСС.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во близина на Москва, загинале 93 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопшти рускиот Истражен комитет.