Шокантни резултати: Секоја недела внесуваме микропластика колку една кредитна картичка

Сподели со своите пријатели

Проблемот со микропластиката во животната средина расте од година во година. Ситни пластични честички се пронајдени во сите делови на светот, дури и во највисоките планини, а сега научниците открија дека микропластиката се таложи и кај луѓето.

Loading...

Поточно, една неодамнешна студија во списанието Exposure and Health предупреди дека луѓето внесуваат илјадници микро и нанопластични честички во нивните тела секој ден.

 

 

 

Микро и нано честичките се ситни и речиси невидливи за окото. Нивната големина се движи од 0,001 до 5 милиметри, додека нанопластичните честички се уште помали и не ја надминуваат големината од 0,001 милиметар. За споредба, дијаметарот на едно влакно е од 0,017 до 0,18 милиметри.

Но, истражувачите се фокусираа во студијата на тоа колку луѓе внесуваат микро и нано пластични честички со конзумирање флаширана вода. Според нивните податоци, луѓето кои пијат литар и половина вода од пластично шише дневно внесуваат речиси 90.000 пластични честички годишно. Во зависност од тоа каде живеат и каков е квалитетот на водата во нивното снабдување со вода, оние кои пијат вода од чешма може да го намалат тој внес за речиси половина. Едноставно кажано, просечен човек внесува околу пет грама пластични честички неделно. Тоа е приближно тежината на една кредитна картичка.

Loading...

Еден од коавторите на студијата Лукас Кернер истакна дека внесувањето на микропластика во организмот може да предизвика низа здравствени проблеми, а најзагрозени се оние кои веќе боледуваат од хронична болест.

 

 

 

Здравиот дигестивен систем полесно ќе се справи со здравствените ризици, рече Кенер во соопштението за печатот. Но, промените во дигестивниот тракт, како оние што се случуваат при хронични болести или во стресни ситуации, можат само да ја влошат целата ситуација.

Тимот научници кои ја спровеле студијата предупредуваат дека е крајно време светот да се зафати со проблемот со потрошувачката на пластика, но тоа не е ниту лесно ниту едноставно. Здравствената индустрија е таа која користи големи количини пластика бидејќи е лесна за употреба во болнички услови. Од инјекции, ракавици, разни цевки до срцеви залистоци – сè е направено од пластика.

Авторите исто така предупредуваат дека е неопходно да се спроведе детална анализа на влијанието на микро и нанопластичните честички врз клетките во човечкото тело за да се утврди точно како тие влијаат на нив.

Loading...