Шојгу: Руската офанзива во источна Украина се одвива успешно

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оцени офанзивата на руските сили на истокот на Украина како „успешна“, во време кога Киев го очекува голем руски напад и од западните земји бара зголемена и забрзана воена помош.

Loading...

„Во моментов борбите успешно се одвиваат во областите“ Бахмут и Вугледар, рече Шојгу.

Руски министер го предупреди Западот да не ја зголемува помошта за Украина, што може да доведе до „непредвидливо ниво на влошување“ на конфликтот.

Русија започна офанзива против Украина на крајот на февруари минатата година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор