Шест пожари вчера во Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Четири пожари во Куманово и два во Старо Нагоричане биле регистрирани во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие било интервенирано на четири локации.

Во период од 13:„5 до 14:45 часот двајца пожарникари интервенирале на гаснење на пожар на депонијата Краста. На истата локација интервенција имале пожарникарите и од 16:30 до 17:30 часот.

Втората интервенција била од технички карактер на заграда, каде во период од 13:55 до 15:15 часот интервенирале четворица пожарникари.

Покрај автопатот Куманово – Табановце вчера горела запалена сува трева. Во период од 15:10 до 17:25 часот интервенирале тројца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

На улицата „Есперанто“ ноќва се запалил солар во куќа. Во период од 02:55 до 03:18 часот интервенирале двајца пожарникари.

Две интервенции во текот на изминатото деноноќие бележат и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.

Сува трева и мал дел дрјва и грмушки гореле во атарот на селото Макреш. Интервенирале тројца пожарникари во период од 13:30 до 17:00 часот.

Loading...

Втората интервенција била во селото Драгоманце, каде двајца пожарникари гаснеле запален оџак од 21:00 до 23:35 часот.

Никола Ивановски