Шест литри дожд на метар квадратен наврнале во текот на изминатото деноноќие во Куманово, покажуваат утринава податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу снег според информациите од 7 часот утринава има на Попова Шапка дури 85 сантиметри, 26 во Маврово и Лазарополе, 17 во Пожаране и четири во Претор.
Времето денеска ќе биде облачно, преку целиот ден со пообилни врнежи. На повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2, а локално и над 40 л/м2 воден талог.
На планините и на повисоките места ќе се формира нова позначителна снежна покривка.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерне ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу три степени, а максималната дневна се очекува да достигне седум степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и утре.
Никола Ивановски