Шест лица загинаа во израелски напад врз Либан

Сподели со своите пријатели

Шест лица загинаа во израелски воздушен напад врз Кфар Дунин во јужен Либан во понеделник, објави либанската државна новинска агенција (NNA).

„Непријателски авион погоди куќа во Кфар Дунин синоќа, при што загинаа шест, а седум лица беа ранети, кои беа пренесени во болници во Тир“, напиша агенцијата во вторник.

Во меѓувреме, израелската армија нареди евакуација на жителите на малото гратче Сохмор во долината Бека на истокот од земјата преку социјалните мрежи поради очекуваното бомбардирање.

И покрај прекинот на огнот што е во сила од 17 април, Израел продолжи да гранатира неколку региони во Либан, а проиранската милиција Хезболах продолжува да ја презема одговорноста за нападите врз израелски цели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел воведува егзекуции и јавни судења за вклучените од нападот на 2023та

Четврток и петок во Вашингтон

Хезболах го вовлече Либан во нова војна на 2 март напаѓајќи го Израел со балистички ракети за да ја одмазди смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од израелско-американската офанзива против Техеран.

Израел одговори со масовни воздушни напади и копнена инвазија на југот од земјата.

Од почетокот на војната во Либан, 2.869 лица се убиени во израелски напади, според либанското Министерство за здравство, вклучувајќи десетици убиени откако стапи на сила прекинот на огнот.

Понатамошни преговори меѓу Либан и Израел се очекуваат во четврток и петок во Вашингтон.