Шефицата на германската дипломатија во ненадејна посета на Харков

Сподели со своите пријатели

Шефот на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска престојуваше во ненадејна посета на Харков, на североистокот на Украина, а тоа е прва посета на висок функционер на една западна земја на тој град во близина на руската граница, соопшти германското Министерството за надворешни работи.

Loading...

На покана на нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба, Бербок заминала во Харков каде рече дека украинското население може да смета на солидарноста и поддршката од Германија.

„Овој град е симбол на апсолутното лудило на руската агресивна војна во Украина и бескрајното страдање со кое луѓето, особено овде на истокот на земјата, секојдневно се соочуваат“, рече германскиот министер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку руски војници загинале од почетокот на војната во Украина?

Од безбедносни причини, нејзината посета била обелоденета додека министерката била во возот кој се враќал од Украина за Германија.

Многу западни лидери се во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.

Но, никој не престојуваше  толку далеку на исток каде што руските сили зазедоа делови од украинската територија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.