Северот на Косово блокиран – училиштата не работат, не се знае кој пукал

Сподели со своите пријатели

Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ сѐ уште се на барикадите.

Loading...

Северот на Косово исто така е блокиран од косовската полиција, а преминувањето на премините Брњак и Јариње не е можно ни пеш.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово и Метохија да бидат мирни и да не наседнуваат на провокации.

Училиштата на северот на Косово денеска нема да работат, пишува РТВ.

Северот на Косово сѐ уште е блокиран од граѓаните и полицијата. Србите протестираат поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Косовската полиција забрани минување и на возила и на пешаци на административните премини Јариње и Брњак.

Припадниците на Росу, целосно вооружени и со оклопни возила, упаднаа во зградата на големата брана на езерото Газиводе.

Тие го бркале работникот што го затекнале надвор од објектот и ги искинале и исекле српските знамиња што се таму, пишуваат српските медиуми.

Loading...

Малку по 21 часот, рафален оган и детонација се слушнале во Рудар кај Звечани, јавува РТС. Не се знае кој пукал.

Претседателот на Српската листа Горан Ракиќ најави дека е формиран Кризен штаб кој редовно ќе известува за состојбата на терен.

Основните и средните училишта на северот на Косово од денеска нема да работат.

Поради настаните на Косово се одржа седница на Советот за национална безбедност во Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по седницата на Советот ги повика Србите на северот да бидат мирни и спокојни, да не наседнуваат на провокации и да ги почитуваат КФОР и ЕУЛЕКС.

Вучиќ вели дека барикадите се израз на протест против апсењето луѓе и нагласува дека ќе направи се за да ги зачува мирот и стабилноста.