Селфи како екстремен спорт: Во Индија страдаат најмногу луѓе, но и во Америка и Русија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кога се појави, селфито стана вистинско откритие. Нема веќе бркање странци да нѐ сликаат или лоша позиција, сега можеме да сториме сè сами.

Loading...

Отпрвин беше само селфи, а потоа сето тоа отиде во крајност.

Сепак, со текот на годините, селфињата станаа еден вид екстремен спорт бидејќи луѓето одеа на речиси невозможни места и се сликаа од таму.

Сè за најдобро селфи и воодушевување. Ефективноста на ваквите фотографии не изостана, но имаше и несреќи што завршија трагично.

Индиски истражувачи од „Журнал за семејна медицина и примарна здравствена заштита“ во Индија излегоа со зачудувачки податоци: од октомври 2011 година до ноември 2017 година имало 259 смртни случаи предизвикани од „правење“ селфи во 137 несреќи.

Loading...

Просечната возраст била 23 години, а неверојатни 72,5 проценти биле мажи и 27,5 проценти биле жени.

Психолошки гледано, иако жените се оние кои прават повеќе фотографии, мажите се повеќе подготвени да одат подалеку и повеќе за подобра фотографија. Најголем број на несреќи се случиле во Индија, а следуваат потоа Русија, САД и Пакистан.

Селфи фотографиите ги окупираа нашите животи и станаа феномен, а во 2013 година дури стана зборот на годината во Оксфордскиот речник.

Сепак, научниците предупредуваат на неговото разорно дејство, а индиските автори сметаат дека треба да се внимава кога станува збор за туристички дестинации.

Loading...

Leave a Reply